Банда на Хаити застрела и уби најмалку седум лица кои маршираа на големиот протест против насилството организиран од верски водач.
Стотици парохијани, некои вооружени со мачети, маршираа низ предградијата на главниот град Порт-о-Пренс во обид да ја ослободат областа од членовите на бандата, објави Би-Би-Си.
Наводно, членовите на бандата отвориле оган кон нив со митралези, а се стравува дека бројот на жртвите во престрелката што се случи во саботата може да се зголеми.