Седумдесет и четиригодишен маж од Липовица починал вечерва пред полициската станица во Печењевац кај Лесковац веднаш откако пријавил семејно насилство.
Според очевидци на оваа трагедија, несреќниот човек дошол да го пријави својот син кој наводно со мачета го бркал по дворот во семејната куќа во родното село.
Откако полициските службеници му зеле изјава, мажот ја напуштил станицата, колабирал пред неа, а лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.
Жртвата со години пријавувала семејно насилство, но никој не реагирал.