Осомничен убиец и крадец од Албанија нападна полицајци на преминот „Долно Блаце“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен државјанин на Република Албанија, осомничен за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Од Јавното обвинителство тврдат дека на 25 август, на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле проверка на патните исправи при влез во државава.

„Проверката на личните податоци во патната исправа на осомничениот покажала дека по лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол – Грција за сторени кривични дела – “убиство, грабеж и кражби”. При спроведување, тој започнал да дава активен отпор и да се обидува да избега, удирајќи ги двајцата полициски службеници и нанесувајќи им телесни повреди. Двајцата полицајци го совладале и го привеле. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, имајќи предвид дека постои опасност тој да се даде во бегство, како и да го повтори делото. Предлогот беше прифатен и со решение на Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена за делото кое се гони во скратена постапка“, извести ОЈО..

Би можело да ве интересира

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

МВР: Тројца осомничени за обид за убиство во Арачиново

Штипјанец со нож ранил полицаец

Горан Наумовски

МВР: Кривична за полицаец кој допирал по тело жена, oсомничен е за обљуба со злоупотреба на положбата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец и негова познаничка пукале во воздух со службениот пиштол, од МВР двајцата заработија пријава

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски