Груби: На средбите со Ескобар разговаравме исклучиво само за успешно завршување на уставните измени

Од:

На вчерашните средби со Габриел Ескобар воопшто не се разговараше во однос на предвремени избори, се разговараше единствено за успешно завршување на уставните измени и продолжување на европскиот пат на нашата земја, изјави денеска вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Вицепремиерот на настан по повод отворање на третото издание на културно – научна манифестација „Деновите на Гонџе” одговарајќи на новинарско прашање истакна дека на средбите била истакната голема поддршка од Соединетите Американски Држави за зачленувањето на државата во ЕУ, како и за уставните измени.

-Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ која има своја програмска определба да ја зачлени нашата земја конечно ќе смогне сили, ќе се надмине себеси, ќе гласа и ќе го тргне ова прашање од дневната политичка агенда затоа што тоа е во интерес на сите граѓани, изјави Груби.

Посочи дека два месеци откако се усвоени техничките амандмани во Влада и поднесување во Собрание, немало дебата во јавноста по однос на нивната содржина.

-Гледаме дека два месеци по усвојувањето на техничките амандмани на Уставот во Владата и поднесувањето во Собранието апсолутно нема никаква дебата во однос на содржината на тие амандмани во општеството, ниту од академската заедница, ниту од невладините организации, ниту медиумите, туку дебатата се води единствено по однос на политички прашања дали да има предвремени измени, дали да се формира ваква или таква Влада, а не по однос на тоа дали се добри или лоши, дали губиме или добиваме, истакна Груби.

Уверува дека истиот ден кога ќе се изгласаат уставните измени Собранието ќе се распушти и ќе се одржат предвремени избори.

-Имаме контакти, средби со партијата се гледаме во Собранието секојдневно се обидуваме да ги убедиме, иако јас знам, длабоко сум убеден ги познавам и тие сами знаат дека ова не и прави ништо лошо на нашата заедничка држава и се надевам дека ќе се најде начин не само со дел од пратениците туку со цела ВМРО-ДПМНЕ да одиме напред, а потоа ако сакаат можеме истиот ден да го распуштиме Собранието и да одиме на предвремени избори уште на самиот ден кога ќе гласаме за уставните измени. Исто подготвени сме да дадеме сите оставки дадовме веќе, ги поднесовме до премиерот и се откажавме од идејата да имаме прв Албанец премиер на Владата на Република Макеоднија само да ја видиме зачленета во Европска унија, порача вицепремеирот.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Артан Груби и Перпарим Бајрами се симболи на една империја изградена врз корупција

Дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку, на натпреварот меѓу Брера и Шкендија е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии прашува ВРЕДИ

ВИДЕО: Артан Груби не гласаше на претседателските избори

Катерина Ѓуровски

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

Артан Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

A1on

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети сакаат вечно да владеат