Мицкоски му рекол на Ескобар дека власта погрешно го информира, избегна да даде изјава по средбата

Од:

Актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД, му рекоч лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Според краткото соопштение од партијата на средбата бил потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

– Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности. Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитетм се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Средбата Мицкоски-Ескобар се одржа во американската амбасада. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не даде изјава.

Би можело да ве интересира

„Глодари“ испраќаат анонимни пријави, Абази шири паника – Мицкоски за шпионската афера во претседателскиот кабинет

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Државата наликува на Лас Вегас, мора да има ред во игрите на среќа, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

Мицкоски и Савески разговарале телефонски, ама за детали за предметот со мазутот не станало збор

А1он

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Мицкоски: Го избираме потешкиот пат кон ЕУ, покусиот е полн со понижувачки предизвици

Катерина Ѓуровски