Најмалку пет лица загинаа во пукање во моторџиски бар во округот Оринџ во Калифорнија, а шест лица се повредени и се во болница, јави Си-Би-Ес Лос Анџелес.
Според локалните медиуми, полицијата одговорила на повикот од барот „Кукс корнер“ околу осум и пол навечер и на местото на настанот затекнала масакр.
Напаѓачот бил пензиониран полицаец од округот Вентура. Негова цел била неговата сопруга, која очигледно ја следел до барот каде пукал во толпа луѓе.
КЦАЛ Њуз објави дека убиецот е застрелан, но не се знае дали им подлегнал на повредите.