Синоќа во Белград, во близина на населбата Угриновци, киднапиран е германскиот државјанин Р.Е.(32). Изворот на порталот Нова.рс тврди дека се работи за човек кој се криел во Србија бидејќи го бара неговата земја.
Според неофицијални информации, Германецот побегнал од затвор во Германија пред неколку месеци. Откако вчера беше пронајден и спасен, тој е префрлен во екстрадиционен притвор до донесување одлука за екстрадиција.
Во врска со киднапирањето на 32-годишникот се уапсени Небојша В.(57), неговиот син Жарко В.(33) и нивниот помошник Милодраг Ј. Тие се уапсени во брза акција на полицијата и Обвинителството во Белград.
Тие биле фатени во близина на патарините Шид, набргу откако девојката на киднапираниот Германец пријавила во полиција дека и се јавил маж на телефон и побарал откуп од 35.000 евра за да го ослободи Р.Е.
На полицијата и претходно и бил познат осомничениот Небојша В., додека неговиот син Жарко извесно време наводно бил во Легијата на странците. Вишото јавно обвинителство во Белград им одреди притвор на осомничените, а утре ќе бидат спроведени на распит.