Ковачевски: Теории на заговор не постојат – сега е време за одлуки и ЕУ

Од:

Премиерот Ковачевски со коментар за најавите од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да ја променат одлуката да гласаат за уставните измени ниту по средбата со Ескобар.

„Покрај сите хистерии и лажни обвинувања дека ќе настане бугаризација, асимилација и така натаму, ние ги отпочнавме преговорите со признаен индентитет и македонски јазик. И друга алтернатива немаме.
Теориите дека се работи за светска завера не им одат во прилог на граѓаните и државата , освен на политичката кариера на тој што ги пласира. Доколку не реагираме сега тоа единствено ќе не остави во чекална, а видовме каде не доведе тоа. “ вели Ковачевски

„Сега е моментот кога има заеднички заложба да станеме членка. Со силна поддршка од многу фактори. Што е алтернатива? Алтернатива нема што би се правело ако не пристапиме кон ЕУ, никој од овие што се против не дава алтернатива што би правеле понатаму . “ вели Ковачевски
Повтори дека не смееме да останеме во друштво со Босна и Косово и затоа сега е време за одлуки, а за тоа сега имаме силна поддршка и од Америка и од Германија, рече Ковачевски

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува причините на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени

А1он

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот