Трет ден активен пожарот и чад од запалената депонија кај тетовска Волковија

Од:

Запалениот смет на депонијата кај тетовско Волковија трета ноќ по ред гори и чади. И понатаму, во зависност од ветер, чадот и непријатната миризбата се шират низ целата полошка котлина, Тетово и Гостивар како и селата помеѓу двата града.

Од Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Тетово информираат дека во текот на вчерашното попладне и ноќеска се гасат делови од депонијата и во одредени специфични ситуации согласно потребите.

– Уште е активен пожарот, сè уште има оган и чад на депонијата. Камиони на тетовската пожарна одат често за да интервенираат. Чадот се шири цела ноќ и претставува големо загадување на воздухот во Тетово особено, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Според него за целосно гасење на огнот потребно е да се заврши со постапката на затрупување на запалениот смет во дупка.

– Денес контактирав со сопственикот на депонијата, продолжува со ангажирањето да најде багери од други компании за да се затрупа најголем дел од отпадот, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Само до вчера, четврток, ТППЕ Тетово интервенираше на депонијата со 40 камиони кои имаат капацитет да носат десет тони вода. Депонијата се запали во вторникот еден час по полноќ.

Би можело да ве интересира

Насилник го нападнал новинарот Неврим Адеми

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Тетовчанка е измамена за речиси 2.000 евра од државјанин на Косово

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

66-годишен тетовец ја истепал својата девојка, ја малтретирал, па и се заканувал