А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЗНМ: Новинари и сниматели спречени да ја работат својата работа во Брвеница, осуда за инцидентот

by А1он23/08/2023 - 17:03289
Share0

Вчера напладне новинарската екипа на телевизијата ТВ Коха била спречена да ја врши својата професионална работа во врска со пожарот кој веќе втор ден гори во општина Брвеница. Екипата пристигнала на местото каде што требале да снимат видео инсерти и после неколку минути снимање, се појавило лице во цивилна облека кое агресивно се однесувало и со викање, навреди и закани им забранувал да снимаат. Се обидел и да ги избрка од локацијата, велат од ЗНМ.

Добивај вести на вибер

„До ЗНМ и денеска пристигна реакција од повеќе колеги новинари и медиумски работници кои во текот на овој ден биле спречени при вршење на професионална работа на јавен простор. Во текот на денешниот ден телевизиски екипи од повеќе медиуми и дописници од полошкиот регион се обиделе повторно да снимат инсерти од местото на настанот, но повторно истото лице со агресивен и остар тон им се обраќал на новинарите, па дури и физички се заканил кон нив и покрај присуството на полицијата.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осудува овој инцидент и ќе го следи случајот. Бараме реакција и од општина Брвеница, која посочената депонија ја дала под концесија на приватен сопственик. Бараме и од МВР да се преземат конкретни мерки против лицето, со цел во иднина да не се случува попречување на правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните. Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од критична важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество. Насилството и спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо, не е во сообразност со демократските вредности и придонесува кон цензура“, тврдат од ЗНМ.

znm

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 11:18

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски11/12/2025 - 09:5511/12/2025 - 09:56

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски19/10/2025 - 15:3819/10/2025 - 16:03

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ12/08/2025 - 18:1912/08/2025 - 18:20

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

Катерина Ѓуровски09/07/2025 - 14:45

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Катерина Ѓуровски06/07/2025 - 20:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен