Габриел Ескобар доаѓа во Скопје на средби со Пендаровски, Ковачевски и со Мицкоски

Од:

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Северна Македонија. Ескобар ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата. Предвидено е да има средба и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доаѓањето на Ескобар на Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Пленарната седница за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот почна на 18 август. Дневниот ред беше усвоен со 70 гласа „за“, а по исцрпувањето на дискусијата, претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.

За усвојување на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, што е единствена точка на 123 седница, неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази за промена на Уставот.

Би можело да ве интересира

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Неодбивањето на Фон дер Лајен на нашиот предлот значи дека има простор за потенцијално решение за уставните измени толкува Муртезани