Софија праќа лекари во Мала Преспа: „Министерката Габриел сака да ги побугари Македонците во Пустец“

Од:

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во областа Мала Преспа како бугарско, во однос на бесплатните здравствени прегледи во општина Пустец од страна на фондацијата „Бугарска меморија“ кои изминатиот викенд ги вршеа лекари од Бугарија под покровителство на министерката за надворешни работи Марија Габриел.

– Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското национално малцинство во Република Албанија. Фактот што ефектот од сите тие фрлени средства за денационализација на Македонците во Република Албанија досега не го донесе посакуваниот ефект, секако ги алармира сите сили во правец на насилно побугарување на Македонците во Република Албанија, а особено во областа Мала Преспа, наведува друштвото.

Додава дека и на Македонците низ цела Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи на пациенти треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари на претстојниот попис во Албанија.

– За Бугарија, како држава, еден од приоритетите при докажувањето дека Македонците во Македонија се Бугари, претставува и одржувањето на монструозната измислица дека, ние, Македонците од Албанија ќе се побугариме и дека тие кои ги имаат нашите лични податоци би ги искористиле и од нас би направиле Бугари на хартија со измама на пописните резултати.

Изразуваме жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политичари за сметка на македонското население во Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените во однос на Софија на Република Албанија, политичкиот врв на нашата држава ја плаќа со нашата национална припадност и нашето национално достоинство како Македонци, се наведува понатаму во реакцијата.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана ги повикува европските институции да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонското национално малцинство во Република Албанија.

Нејзиниот кабинет во саботата објави дека „во регионот на Мала Преспа, еден од планинските региони во Албанија, во кој живеат луѓе со бугарско потекло, бугарски лекари вршат превентивни кардиолошки прегледи“.

Министерството за надворешни работи на Бугарија го обезбеди транспортот на медицинскиот тим и опремата со воен авион и логистичка помош на теренот. Кардиолози од Бугарија прегледуваат пациенти во поликлиниката во село Пустец со професионална опрема обезбедена од бугарска болница во периодот 18-20 август 2023 година.

„Им благодариме на г-ѓа Габриел и на Министерството за надворешни работи за помошта, како и на Сити клиника и проф. Иво Петров, кои одговорија на нашата идеја и со чија помош успеавме да ги спроведеме превентивните кардиолошки прегледи. Ова не е прва добротворна иницијатива што ја правиме за луѓето од регионот, а нема да биде ниту последна“, изјави д-р Милен Врабевски, главен организатор на настанот и финансиер на најголемите бугарски организации во Македонија.

Би можело да ве интересира

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Таравари: До крајот на годинава ќе се вработат 300 приватни специјализанти