Сe преврте автобус со бразилски навивачи: Има загинати и повредени

Од:

Седум лица загинаа, а 27 се повредени кога автобус со навивачи на фудбалскиот клуб Коринтијанс се преврте и падна во провалија покрај пат во Бразил.

Од 27 повредени, едно лице е во тешка состојба, но е надвор од животна опасност, јавува Ројтерс.

Во автобусот имало 43 лица.

Автобусот превезувал навивачи кои се враќале од мечот што Коринтијанс го играл против Крузеиро во Бело Хоризонте, главниот град на бразилската држава Минас Жераис.

Фудбалскиот клуб Коринтијанс изрази жалење за несреќата и упати сочувство до семејствата на загинатите, а истото го направи и управата на неколку други клубови.

Сочувство изрази и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој е фан на Коринтијанс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Петмина повредени во сообраќајка кај струшкото село Радожда

Тешко повреден пензионер од Скопје, возачот избегал од местото на несреќата

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани

Горан Наумовски

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он