(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Калифорнија, пристигна и бурата „Хилари“

Од:

Земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтер ја погоди во неделата попладне по локално време Јужна Калифорнија, каде што пристигна и тропската бура Хилари.

Епицентарот на земјотресот е во областа северно од Лос Анџелес, а потресите ги почувствувале жителите во голем дел од јужната област на оваа американска сојузна држава, додека се подготвувале за силен дожд и можни поплави кои ги донелa тропска бура.

Земјотресот се случил во 14 часот и 41 минути по локално време, а веднаш по тресењето на тлото нема информации за материјална штета или повредени. Американскиот систем за предупредување извести дека по овој земјотрес нема опасност од цунами.

Тропската бура Хилари предизвика поплави источно и западно од Лос Анџелес, откако со смртоносна сила го зафати полуостровот Баха Калифорнија во Мексико.

Едно лице во Мексико загина во поплавите на полуостровот, каде што некои патишта беа однесени. На фотографиите на социјалните мрежи се гледаат порои кои бликаат низ градските улици кои се претворени во реки.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од Јужна Калифорнија, со предупредувања за поројни поплави во сила најмалку до 3 часот наутро по локално време во понеделник.

Тоа е област која била изложена на долги сушни периоди. Во планинските и пустинските предели за краток временски период би можеле да наврнат од 12 до 25 см дожд, колку што вообичаено паѓа во овие области на годишно ниво.

Првата тропска бура што го погоди округот Лос Анџелес од 1939 година предизвика сериозни поплави во планините Сан Габриел источно од градот и крајбрежните области во северозападниот дел на округот Вентура.

Во округот Сан Бернардино беа наредени наредби за евакуација на бројни места во планините и долините, каде што на фотографиите од социјалните мрежи можеа да се видат порои од вода, кал, камења и дрвја.

На запад, во понаселениот округ Вентура, Националната метеоролошка служба издаде предупредување за поројни поплави опас Метеоролошката служба објави дека автомобилите се заглавени.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија