(ВИДЕО) Во „мечот на годината“ Ѓоковиќ победи против Алкараз и ја освои титулата во Синсинати

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по третпат во кариерата ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати, бидејќи во финалето по четиричасовна битка го совлада светскиот „број 1“ Шпанецот Карлос Алкараз со 5: 7, 7:6 (9:7), 7:6 (7:4).

Ѓоковиќ го совлада светскиот тенисер број еден Карлос Алкараз по голем пресврт со 2:1.

Ѓоковиќ стигна до својот трет трофеј во Синсинати, вкупно 39. трофеј на турнирите од мастерс серијата 1000. Тој е прв во историјата, со три повеќе од Рафаел Надал.

Новак претходно беше единствениот тенисер во светот кој барем еднаш ги освои сите девет турнири од мастерс серијата, а по вечерашниот триумф, најмалку три пати освои осум од девет. Се освен Монте Карло каде двапати славеше.

Ова воедно е 95-та титула за Ѓоковиќ во кариерата и е трет на вечната листа, зад Роџер Федерер и Џими Конорс.

Ова беше најдолгиот натпревар во историјата на Синсинати, кој траеше три часа и 49 минути.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Новак Ѓоковиќ е поразен, Синер се пласираше во финалето на егзибицијата „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ е поразен во егзибицискиот меч во Софија од Григор Димитров

Горан Наумовски