Меџити: Надминат е проблемот со набавката на ленти за мерење шеќер

Од:

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити сподели на својот Фејсбук профил информација дека е надминат проблемot со набавката на ленти за мерење шеќер и дијабетичарите веќе во текот на следната недела како што најавува Меџити ќе може да ги набават во аптеките. Вели дека се правеле максимални напори што побрзо да пристигнат и сензорите за дијабет.

„Наследените проблеми ги решаваме затоа што пациентите секогаш ми биле и ќе ми бидат на прво место. Го решивме наследениот проблем со недостаток на ленти за мерење на шеќер во крвта. Доволна количина ленти која ќе ги задоволи потребите на дијабетичарите е веќе на пат кон државта, а во текот на следната недела ќе бидат достапни во аптеките. Правиме и максимални напори наскоро да пристигнат и сензорите за дијабет кои за прв пат ќе може да ги користат децата за безболно мерење на шеќер. Со ова ќе исполниме едно од најзначајните барања на дијабетичарите. Им се заблагодарувам на трпението на пациентите и жалам за настанатата ситуација која е резултат на непостапувањето и негрижата на Беким Сали. Како што ветив, додека сум јас министер доцнење на лекови кои ги обезбедува Министерството за здравство нема да има.“ – напиша министерот Фатмир Меџити.

Би можело да ве интересира

Собраниска расправа за разрешување на министерот за здравство

Џафери за разрешувањето на Меџити и Алиу: Законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

A1on

Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Александар Тодески

Меџити: Легитимен претседател на АА е Таравари, ја имаме поддршката од 83 делегати на Собранието

Катерина Ѓуровски

Меџити ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица

Меџити нема намера да даде оставка: Собранието и пратениците одлучуваат кој ќе биде министер

Александар Тодески