Унгарија утрово нешто пред 4 часот беше погодена од земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е регистриран во 3 часот и 52 минути, а епицентарот бил во близина на Сарваш.
Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека на тоа подрачје се очекуваат афтершокови.
Јужниот дел на Унгарија во саботата беше погоден од два земјотреси со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.