Три цивилни жртви во напад со автомобил бомба во јужен Авганистан

Од:

Најмалку тројца цивили се жртви во напад со автомобил бомба чија цел била најверојатно конвој на сили на НАТО и на Авганистан.

Инцидентот се случи во Кандахар во јужниот дел од Авганистан.

Бомбашот самоубиец предвреме го активирал експлозивот во автомобилот додека се движел на пат во близина на аеродромот во Кандахар.

Според ДПА, нападот бил извршен близу здравствен дом во округот Даман крај патот за аеродромот. Авганистански и војници на НАТО не се повредени во нападот во кој има и неколкумина ранети, јавуваат локални медиуми. 

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан