Ковачевски: Фондот нема да го издржи линеарното покачување на пензиите, тоа е трошок од 220 милиони евра

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека линеарното покачување од 3.500 денари кое го бараат пензионерите не е праведно затоа што пензијата е право остварено од работен однос.

– Пензијата е право од работен однос. Не можете да израмните некој што плаќал 15 години стаж на минимална плата и некој што плаќал 30 години стаж на многу поголем износ и да кажете тоа е исто. Пензијата е резултат на годините стаж на секој поединец и на уплатите.Доколку има линеарно покачување, тоа ќе значи дополнителен трошок од 220 милиони евра, кој нема да го издржи Фондот. Тоа ќе значи дека и тие што 30 години уплаќале стаж, нема да може да земат пензија“, додаде Ковачевски.

Премиерот не објасни како со линеарно покачување од 3.500 денари, пензионерот со пензија од 14.000 денари која ја добил со решение од постигнат стаж ќе има иста пензија како пензионерот кој со решение од стаж и пензија од 22.500 денари, кога со линеарно зголемувањето разликите во висината на пензиите ќе останат исти.

Но не заборави да се пофали дека откако станал премиер Владата преку дијалог дошла до ново решение за зголемување на пензиите кое е според швајцарски модел.

– Ние за 1,5 година имаме 26 % зголемување на пензиите. Ако минималната пензија била 9.000 денари, сега е 12.500 денари. Во септември ќе стане 13.000 денари. Ако просечната пензија беше 13.000 денари, сега е 19.000 денари и ќе порасне. Се направи системско решение, кое е врз основа на швајцарски модел, кое овозможува двапати годишно зголемување на пензиите во согласност со растот на просечната плата и трошоците на живот“, истакна премиерот и додаде дека Владата формирала тим кој ќе работи на нов закон за минимална пензија.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Пензионерите бараат нов Закон за пензиите со кој минималната пензија ќе изнесува 70 отсто од минималната плата