Затруените македонски војници во Словенија се во добра состојба

Од:

Двајца македонски војници од контингентот упатен на испомош во Словенија во текот на вчерашниот ден по чистење на подрумски простории од последиците од поплавите, заедно со словенечките колеги, се пожалиле на мачнина од јаглерод моноксид по што превентивно беа префрлени во болница за детални прегледи. По испитувањата утврдено е дека тие се добро и во текот на утринските часови вратени се во сместувачките капацитети каде денеска ќе одмараат објави пред малку министерката за Одбрана Славјанка Петровска.

18 македонски војници биле изложени на јаглерод моноксид, а двајата се пренесени во болница. Уште шест други лица се префрлени на лекување откако се поажалиле на мачнина. Вкупно 32 лица биле изложени јаглерод моноксид при чистење на подрумска просторија.

Би можело да ве интересира

Словенечките одбојкари се пласираа во осминафиналето на Светското првенство

Словенечката влада му забрани на Додик влез во земјата

Словенечките кошаркари го победија Исланд и обезбедија место во нокаут фазата на Европското првенство

Силно невреме со град ја погоди Словенија

ВИДЕО: Повредениот Дончиќ ги „почести“ судиите

Словенија воведе ембарго за оружје за Израел