Поради асфалтирање затворена за сообраќај делницата Велес – Градско

Од:

Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско, до 19 август делницата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Исчезна девојче во водите на Вардар

А1он

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов