Бројот на загинати во пожарот на Хаваи се искачи на 101

Од:

Бројот на загинати во пожарот во градот Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 101, соопшти денеска гувернерот на Хаваите Џош Грин.

„Нашите срца се скршени од таква загуба“, рече тој на прес-конференција, пренесува АП.

Овој шумски пожар е најсмртоносниот во САД од 1918 година, кога 453 лица загинаа во шумските пожари во Минесота и Висконсин.

Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи ги пребаруваат јагленосаните остатоци од историскиот град Лахаина.

Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обнова на Лахаина на 5,5 милијарди долари.

Оштетени или уништени се повеќе од 2.700 згради, а изгорени се повеќе од 2.100 хектари земја.

На жителите на Лахаина им е дозволено да се вратат во градот.

Причината за пожарот се уште е под истрага.

Би можело да ве интересира

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака