Пратеникот на Самоопределување во Собранието на Приштина Бесник Мујечи е уапсен во Албанија. Тој бил фатен како пренесува и продава наркотици од Косово во Албанија.
Мујечи (30) е уапсен во група со уште четири лица, при што одземени се 11.300 таблети екстази со вкупна тежина од речиси шест килограми и вредност од околу 400.000 евра, како и помала количина канабис.
Според соопштението на албанската полиција, тие биле под надзор неколку месеци, а постои сомневање дека и претходно продавале дрога.
Освен Мујечи, групата ја сочинувале уште три лица од Албанија, меѓу кои и една жена, сите од Тирана.