ФОТО: Полицијата во Мексико се судри со демонстранти

Од:

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да растера демонстранти од главниот плоштад во Мексико Сити и уапси 31 човек со што презеде контрола врз центарот на градот по повеќенеделни протести на наставниците.

mexico-city2

Федералната полиција синоќа се судри со дел демонстранти додека го расчистуваше плоштадот Сокало бидејќи в недела на тоа место претседателот Енрике Пења Нието треба да предводи традиционална прослава во знак на сеќавање на хероите од мексиканската борба за независност.

mexico-city3

Наставниците кампуваа на плоштадот поради протест за реформи во образованието со кои е предвидено воведување посторги стандарди за наставниците и укинување на дел привилегии како што е можноста нивни деца да наследат нивно работно место.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека меѓу уапсените нема наставници, но не даде детали кој се уапсените. Црвениот крст соопшти дека се повредени најмалку 30 демонстранти.

mexico-city1

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори