Хамас ги отфрла обвинувањата на Каиро дека обучува египетски исламисти

Од:

Палестинската исламистичка организација Хамас ги отфрли обвинувањата дека има каква било врска со бомбашките напади во Египет,во изминатите две недели.

Портпарол на организацијата во Газа ги нарече сите такви обвинувања дека се „без секаква основа“. Реакцијата на Хамас доаѓа по обвинувањата на официјален Каиро и на неколку влијателни египетски медиуми за тоа дека военото крило на таа организација ги обучува египетските исламисти и џихадисти,кои дејствуваат на Синајскиот Полуостров,за правење и подметнување бомби и експлозивни направи.

Каирскиот весник „Ал Ахрам“ го обвини Хамас дека е вмешан во обидот за атентат врз египетскиот министер за внатрешни работи Мохамед Ибрахими,извршен на почетокот од овој месец.

Властите во Каиро претходно го обвинија Хамас дека се меша во внатрешните работи на Египет,по тргањето од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Морси,во јули оваа година.

Хамас која сега ја има целосната контрола врз појасот Газа,истиснувајки го поумереното палестинско движење Ал Фатах, е создадена во осумдесетите години на 20 век,како филијала на Муслиманското Братство на Морси.

Според каирските тврдења,военото крило на ова движење,бригадата Из ал Дин ал Касам ги обучува египетските милитантни исламсти за операции со автомобили-бомби. Повеке египетски војници и полицајци се убиени во вакви напади на Синај,во реонот блиску до појасот Газа,па властите во Каиро максимално го ограничија движењето преку преминот Рафах,преку кои се движи снабдувањето за оваа територија.

Би можело да ве интересира

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

ВИДЕО: Глад во Газа, на северот никаква помош нема цели 40 дена

Катерина Ѓуровски