Мицкоски: Ковачeвски гласал за промена на името на улицата во Чаир

Од:

Лидерто на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, приложувајќи документи, објави дека премиерот Димитар Ковачевски како тогашен заменик-министер за финансии гласал позитивно на седница на Влада во 2021 за прифаќање на листата на Град Скопје со која меѓуостанатото се менува улицата „Втора Македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“.

– Бидејќи СДСМ и ДУИ ја сменија комуникациската стратегија па сега бараат само одговори од мене и покрај тоа што за уште кратко време се влада, еве да им одговорам на нив и нивните слуги во опозицијата околу промената на имињата на улиците:
Владата на ДУИ и СДСМ на две седници ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади… доставена од град Скопје под водство на СДСМ. На 50 седница, одржана на 02.03.2021 година дава согласност. Точка 9 од записникот…
ИНТЕРЕСНО: Димитар Ковачевски е присутен на таа седница како заменик министер на МФ, Фатмир Бесими е отсутен (значи дека Ковачевски гласал). На 51 седница, одржана на 09.03.2021 дава целосна согласност на Листата од град Скопје
Точка 105 од записникот. Шупливи ви се тезите. Глумењето патриотизам вам и на вашите слуги во опозицијата исто така не ви прилега зошто нема предавство зад кое не стои вашиот потпис. Народот тоа го знае, се вели во Објавата на Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Се проверува дали компании што го користат попустот на ОКТА прават реекспорт на горивата во соседството

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Мицкоски: Швајцарија е еден од нашите најзначајни партнери во развојната соработка

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок

Катерина Ѓуровски

Мицкоски од Виена: Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби

А1он