Последната група од 35 навивачи пристигна на распит пред судот во Атина. Знаат што ги чека бидејќи во последните два дена беа сослушани 67 Хрвати, двајца Грци и еден Албанец.
Тие се изјаснија за виновни за учество во тепачката, но негираат вмешаност во убиството на навивачите на АЕК, пренесува ХРТ.
Грчката јавност нетрпеливо ги чека резултатите од ДНК анализата, а адвокатот на семејството на убиениот изјави дека досега собраните докази се многу нејасни и дека од нив не може да се заклучи кој е сторителот. Семејството на жртвата, вели тој, не сака некој да биде погрешно обвинет или да добие посебен третман – тие само сакаат правда за нивниот син.