СДСМ: Мицкоски да не се крие, да одговори за настаните во Скопје и Тетово

Од:

Христијан Мицкоски да не се крие, да излезе пред јавноста и да одговори околу настаните во Скопје и Тетово, кои беа во организација на неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ велат од СДСМ.

– Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа. Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата, а сега ДПМНЕ наводно е згрозена од неговото дејствување. ДПМНЕ, како наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија