Седми ден се трага по исчезнат маж од село Теново, Општина Брвеница

Од:

Веќе седум дена трае потрагата по Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница кој излегол од дома во периодот помеѓу 4 и 5 август и оттогаш не се вратил дома.

Случајот бил пријавен на 6 август по што е започната потрагата во која учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани.

– Денес од 10 часот во потрагата се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во атарот на село Теново. Во случај и денес ако нема траги од исчезнатото лице и не биде пронајдено, од 14.08.2023 година понеделник Регионалниот Центар за управување со кризи ќе бара до ХЕЦ Маврово да го намали испуштањето на водата, а со тоа и да се намали нивото водата на реката Вардар каде што ќе пребарува речното корито што поминува покрај самото село. Ситуацијата се координира и се следи од РЦУК Тетово и благовремено ќе известува за подетални информации, согласно развојот на потрагата, информираат денес од Центарот за управување со кризи.

Општина Брвеница упати благодарност до Зибер Зибери кој со градежна машина доброволно се вклучил во потрагата во водите на реката Вардар.

– Општина Брвеница ги повикува сите граѓани кои можеби имаат информации или сознание за евентуалното место на исчезнатото лице, да ги известат полициските органи во најблиската полициска станица, семејството Рушити или општината, се вели во известието на Општина Брвеница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

Пронајдени се остатоците од исчезнатиот хеликоптер Ми-8 на Камчатка

Горан Наумовски

Тажен крај на петдневната потрага, 85-годишниот Томе е пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Пронајдено e телото на познатиот британски ТВ лекар кој исчезна во Грција

Потрагата по исчезнатиот британски ТВ лекар се уште е во тек

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

A1on