Стоилковски: Помина Илинден, ќе помине и Август, ни буква нема, а не пак Декларација за Илинден од СДС

Од:

Јавноста сеуште го чека текстот на Декларацијата за Илинден најавена од СДС. Помина Илинден, ќе помине и Август, ни буква нема, а не пак собраниска седница за Декларација за Илинден од СДС рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Во меѓувреме, премиер на Бугарија зборува за бугарски карактер на Илинденското востание и на востаниците, како и дека крајната цел на Илинденското востание било присоединување со Бугарија како идеал оставен за иднината и за младината.
СДС се сокри со текстот за Декларацијата за Илинден, ниту го објави, ниту го прати до ВМРО-ДПМНЕ барајќи консензус и унисоност за нејзино изгласување во Парламентот, ниту пак до утринава можеше да се најде во собраниските документи објавени на интернет.Се исплаши ли СДС или доби забрана да се изгласа Декларација за Илинден како македонски столб на државноста? Подвлекувам, беше најавена Декларација по повод 120 години Илинденско востание вели стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани