Најмалку 36 лица загинаа во пожарите на Хаваи

Од:

Најмалку 36 лица загинаа во огромните шумски пожари што ја зафатија областа Мауи на Хаваите, соопштија денеска локалните власти.

„Борбите продолжуваат, а денес 36 лица загинаа како последица на пожарот во Лахаина. Засега нема други детали“, се вели во соопштението, пренесе Си-Ен-Ен.

Пожарот уништи стотици објекти на Мауи, вклучувајќи домови и деловни објекти, а илјадници луѓе беа евакуирани.

Заменик-гувернерката на Хаваи, Силвија Лук, претходно изјави дека „патот до закрепнување ќе биде долг“.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска