Пред 78 години американците ја фрлија атомската бомба на Нагасаки, загинаа 70.000 луѓе

Од:

Јапонија утринава им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје. Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, рече дека државите кои поседуваат нуклеарно оружје треба храбро да ги отфрлат тие оружја.

Ваква порака градоначалникот упати на комеморацијата, која беше многу помала од вообичаеното бидејќи Јапонија се соочува со минување на тајфун. Токму поради тајфунот Кануна, кој носи обилни дождови и силни ветрови, на комеморацијата не присуствуваа гости од Јапонија и странство, меѓу кои и премиерот Фумио Кишида.

Првпат од 1963 година, комеморацијата на жртвите не се одржа во Паркот на мирот Нагасаки, туку во изложбениот салон. На церемонијата во 11:02 часот беше одржано едноминутно молчење за жртвите во знак на сеќавање на 9 август 1945 година, кога „дебелкото“, како што ја нарекоа атомската бомба, беше фрлен и експлодира над Нагасаки.

Само во градот Нагасаки, 70.000 луѓе загинаа директно од експлозијата, а 75.000 други беа повредени. Три дена претходно, САД фрлија атомска бомба и го уништија градот Хирошима.

Би можело да ве интересира

Во Нагасаки на годишнината од атомскиот напад оддадена почит на жртвите

Ана Ололовска

Одбележување 76-годишнина од нуклеарниот напад врз Нагасаки

Нагасаки: 75 години од нападот на САД со атомска бомба

А1он

Во Нагасаки одбележана 73-годишнината од атомското бомбардирање

Ана Ололовска

Во Нагасаки оддадена почит за жртвите од нападот со атомска бомба во 1945 година

Ана Ололовска

Нагасаки одбележува 70 години од експлозијата на атомската бомба

Емир Латифовиќ