Силувано 12-годишно дете во гевгелиско, напаѓачот е во притвор

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, извршил полово дејствие врз дете родено 2011 година, искористувајќи го моментот кога детето останало само со него во куќата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори или ќе го доврши кривичното дело. Предлогот е прифатен и со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Го киднапирале, го тепале и му се заканувале со убиство за да признае силување

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие