Човек роден со срце во абдоменот

Од:

Хуанг Ронминг е човек кој живее со срце кое се наоѓа во абдоменот и кој конечно добива шанса да живее без лесно да се заморува.

Хуанг е роден во Хенанг, провинција во Кина и решен е да подлегне на операција која ќе го смени неговиот живот и ќе го смести срцето во градниот кош.

Тој со овој дефект живеел 24 години и кога после долго време повторно го посетил докторот во болницата за преглед, решен дека мора веднаш да се преземат мерки, бидејќи неговата состојба станува се по критична. Вроденото срцево преместување е неверојатно ретка болест и се јавува кај само пет новороденчиња од милион родени, додека повеќето пациенти умираат веднаш по раѓањето.

Докторите не верувале дека ќе преживее кога се родил. Неговите родители биле постојано исплашени додека тој бил дете и најчесто не му дозволувале да има нормален живот, плашејќи се дека одеднаш ќе му се случи нешто. Бидејќи биле фармери, не биле во состојба да си дозволат зафат со кој ќе му биде спасен животот.

Операцијата траела повеќе од 10 часа и завршила со успех. Абдоменот е повторно рамен, а срцето во градниот кош, онаму каде што припаѓа.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ