Полицијата извести дека вчера околу 21 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки натоварено со дрва, но возилото продолжило со движење.
Притоа, совозачот фрлал дрва по патот за да го блокира патот на полициските службеници, додека пак возачот на товарното возило со задната страна го удрил службеното полициско возило и го спречил да го престигне, по што службеното возило излетало од патот.
Кај место викано „Три багреми“ товарното возило било пронајдено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.