Силно невреме на Крф, спасени 10 туристи

Од:

Временските проблеми придружени со невреме и северен ветер вчера околу 15.30 часот го погодија островот Крф. Противпожарната служба и крајбрежната стража се мобилизираa откако група од 10 туристи останаа заглавени на плажата Порто Тимони среде невреме, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Туристите биле спасени со приватен брод, кој успеал да стигне до нив и тие се префрлени на плажата Агиос Георгиос Пагон.

Претходно жителите телефонски беа предупредени за силно невреме, а пораката беше испратена и до жителите на Јони, Етолоакарнанија и Епир.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани