Силно невреме со пороен дожд денеска ја зафати Риека и неговата поширока околина, а не ги заобиколи и островите во северниот дел на Јадранот.
Така, штети претрпеа Раб и Мали Лошињ, каде силниот ветер придружен со дожд уриваше дрвја.
Жителите на тие два острова имаа проблеми со поплави поради екстремната количина на дожд што падна за краток временски период.