Францускиот фудбалер и поранешен играч на Монако, Аксел Дисаси денеска потпиша шестгодишен договор со Челзи, соопштија од Премиер лигата.
Според британските медиуми, трансферот е вреден 45 милиони евра.
“Навистина сум горд што сум дел од ова големо семејство. Се надевам дека ќе постигнам големи работи овде, ќе освојувам трофеи. Ќе направам се што можам за да ги постигнам тие цели”, изјави Дисаси за клупската веб-страница.
Axel is ready to get to it! 💪 pic.twitter.com/EQFipRjBnw
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 4, 2023
25-годишниот фудбалер игра за Монако од 2020 година и има одиграно 129 натпревари за клубот во сите натпреварувања. ;
За француската репрезентација забележа четири настапи и беше дел од тимот што лани стигна до финалето на Светското првенство во Катар.