Во пожарот кај Богданци досега изгореа 500 хектари, гаснењето ќе продолжи и утре

Од:

Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е изгаснат и според информациите оттаму досега изгореле околу 500 хектари нискостеблета шума и сува трева.

Директорот на Центарот за упраување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во изјава од местото на пожарот вели дека пожарот се уште не изгаснат и покрај делувањето на двата авиони на ДСЗ и хеликоптерот на МВР, а во гаснењето учествуваат пожарникари од Дојран и Валандово и тим на ДСЗ.

Градоначалникот на Богданци Блаже Шапов за МИА изјави дека пожарот поминал покрај ветерниците, но не предизвикал штета.

-Со гаснење ќе продолжиме утре рано, а во текот на ноќта на местото на пожарот ќе останат дежурни екипи. Се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе успееме да го ставиме пожарот под контрола и да га изгаснеме, изјави Шапов.

Силниот пожар избувна во нискостеблеста шума и сува трева и бргу зафати поголема површина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат