Можно е „Бехтел и Енка“ да манипулира со работните часови на работниците: Уставен оформи предмет по барање на Хелсиншки

Од:

Уставниот суд оформи предмет во кој ќе ја разгледува уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи и оспорените членови 1,2 и 3 во иницијативата која ја поднесе Хелсиншки комитет за човекови права.

Во иницијативата на Хелсинсшки се наведува дека со оспорените членови се напушта нивото на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе поставените правила.

„Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурност и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница“, стои во иницијативата.

Предметот е предаден на работа кај тимови од советници и судии и е во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија