Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит.
Земјотресот е регистриран во 4:18 часот по наше време на море на околу 32 километри југоисточно од заедницата Гудура на источен Крит.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.