Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на државноста, како круна на вековниот стремеж на македонскиот народ за национална слобода, самобитност и своја држава, се вели во соопштението на ИНТЕГРА.
Од партијата велат дека „Илинден стана клучна детерминанта за идентитетот и иднината на македонскиот народ и стекна епитет на траен македонски непокор“.
„И овој Илинден Македонците се поделени. Но следејќи ги идеалите на Илинденците, треба да се исправиме силно и високо и јасно да кажеме „Нe“ за уцените и за влегувањето во ЕУ со наведната глава. Ја сакаме слободата и демократијата на ЕУ, но не смее да ги прифатиме условувањата, понижувањата и диктатот на сила, исто како што тоа не го направија и нашите предци. Борбата продолжува“, тврдат од ИНТЕГРА.