Демократско движење ќе биде името на новата политичка партија што ја најави Меџити

Од:

Новата политичка партија што пред неколку денови ја најави пратеникот Изет Меџити ќе се вика Демократско движење.

-Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk, соопштија од движењето.

Партијата Демократско движење официјално ќе биде промовирана на 13 август.

Меџити беше еден од предводниците на т.н. „огнена група“ во ДУИ.

Пратениците од редовите на „огнената група“ во ДУИ, Меџити и Мерита Коџаџику, од пред неколку дена официјално дејствуваат како независни во законодавниот дом.

Заедно со нив ќе дејствува и пратеникот Кастриот Реџепи, кој по разидувањето со Движењето Беса дејствуваше независно во парламентот, а потоа се приклучи кон пратеничката група на ДУИ во Собранието.

Би можело да ве интересира

Али Ахмети ја изгаси „Огнената група“: Му се врати и Блерим Беџети

A1on

ДУИ со два пратеника помалку, Меџити и Коџаџику ја напуштија пратеничката група

Катерина Ѓуровски

Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта се против формирање нова политичка партија

Две прослави за годишнината на ДУИ

Фракцијата на ДУИ бара казината и обложувалниците да бидат одалечени три километра надвор од населените места

Фракцијата на ДУИ: Огранокот на ДУИ во Гостивар останува без ниту еден претставник во извршната власт

Ана Ололовска