ФОТО: Почна да се гради пешачка патека во Банско

Од:

Денеска започнаа градежните работи за изградба на пешачка (трим) патека во Банско, активност кој се реализира во рамките на спроведувањето на проектот „Податоци за Туризам”, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.

Вкупниот грант од ИПА програмата за реализација на овој проект изнесува 134.500 евра.

 

trim_pateka1

trim_pateka2

Пешачката трим патека ќе биде со широчина од 2 метри и должина од околу 700 метри и ќе се протега од центарот на селото до хотелот „Цар Самуил“, поврзувајќи ги кружно најзначајните културно – историски и туристички обележја во Банско. Ќе биде поплочена со бекатон плочки и опремена со 30 клупи за одмор на рекреативците, а истата ќе биде и осветлена со 40 канделабри.

Проектот „Податоци за Туризам” содржи повеќе активности насочени кон развој на туризмот, промоција на туристичките потенцијали, како и инфраструктурни активности за мапирање и уредување на патеки за развој на алтернативните форми на туризам.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски