ВИДЕО: Заврши реконструкцијата на дел од регионалниот пат Р 12 04, кој поминува низ Штип

Од:

Заврши реконструкцијата на улиците „Димитар Влахов“ и „Гоце Делчев“ во Штип, кои се дел од регионалниот пат Р 12 04, кој го поврзува Штип со Радовиш и со Велес, а нивната должина изнесува 2400 метри.

„Оваа инвестиција изнесува некаде околу 13.000.000 денари, а овој проект беше дел од програмата на ЈП за државни патишта и предлог програмата на ЈП „Македонија пат“, изјави директорот на ЈП за државни патишта, Љупчо Гергиевски.

Во реализацијата на овој проект беа вклучени екипи на ЈП „Македонија пат“ и ЈП за државни патишта, кои ја завршија реконструкцијата за неполни три седмици.

rekonstrukcijaStip (3)

Со стартот на реконструкцијата на овој патен правец беше најавено дека со истиот проект ќе биде опфатена и реконструкцијата на раскрсницата кај градската црква „Св.Никола “ во Штип, а средствата ќе бидат обезбедени од страна на Општина Штип.

„Останаа да се санираат само шахтите, на што ЈП „Стипион 2011“ веќе работи и со нивното санирање оваа делница ќе биде во целост безбедна за непречено одвивање на сообраќајот“, изјави Захариев.

Според ваквата изјавата на Захариев, по сè изгледа граѓаните на Штип, сепак, ќе треба да почекаат на реконструкцијата на раскрсницата.

rekonstrukcijaStip (4)

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски