Меџити: Крај на хаосот, не може по 15 години да не се градат болници, барам вработување лекари без чекање согласност од финансии

Од:

Министерот за здравство, Фатмир Меџити потенцира дека уште од првиот ден откако стапил на функцијата, превзел се што е во негова моќ да се решат горливите проблеми во здравството.

Една од битните работи според него е да се воведе ред во изградбата на болниците.

„ Не може да не се градат болници и здравствени установи по 15 или 30 години. Тоа нема да се случи со мене. Додека јас сум министер, се што зависи од мене, ќе добие на динамика. За Штипската болница е активирана банкарска гаранција на 6 милиони евра и така ќе постапам со сите здравствени институции. Нема да дозволам повеќе да се случат вакви компликации, вели Меџити.

Министерството за здравство информира дека договорот со изведувачот ИНТРАКАТ за новата штипска болница е раскинат на 29.06.2023, по што ќе се распише тендер за нов изведувач.

Министерот порача дека него како лекар, најголема мака му била внатрешната организираност на Клиниките.

„ Не поради организацијата како просторно уредување и хаосот, туку внатрешното здравствено уредување кое не можеше да функционира. Немавме начин како посебни субјекти да реагираме. Ако мене како лекар ми требаше мислење од гинеколог, јас требаше да пратам барање, па тој да се смисли дали ќе спие или ќе одговори и слично. Требаше да седнат директорите и да се разубедуваат. Сега тоа нема да се случи. Вршам притисок од 1-ви јануари 2024, да дојде до спојување и да ги снема заедничките служби. Тие не работат како што треба и се загубари. Се надевам дека со идната буџетска година, ова ќе почне. Тоа што зависеше од мене, јас го поднесов, рече Меџити кој додаде дека не зависи од него кога согласно процедурите тоа ќе стапи на сила.

Една од работите за која Меџити информираше дека ги побарал е  да се реши хаосот со вработувањата.

„ Бараме да не мора веќе да се бара и чека согласност од Министерство за финансии за вработување на пример на лекар откако некој ќе замине во пензија. Само се одолговлекува така. Сакаме да има систем ваквите вработувања да се забрзаат. Дозвола да дава Министерството за здравство“, вели Меџити.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство