Двајца туристи од Хонк Конг кои се изгубиле во Кањонот Матка, во реонот на средновековниот манастир „Свети Никола Шишевски“ побарале помош на 122. Ги пронашол тим од Полициската станица Сарај за два часа од нивното јавување информира Центарот за управување со кризи.
– Повикот за помош до 112 во ЦУК го реализирале од мобилен без картичка, координатите не било можно да се одредат во овој случај, мрежата била со слаба јачина на сигнал, но можело да се разговара. Информирале на англиски јазик дека се изгубени и без орентација каде се, рекле дека се опкружени со високи ридови и дека имаат минимално храна и вода. Дежурниот оператор на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, бил подолго време во комуникација со нив и ги координирал да пронајдат одредница во нивната околина. По пронаоѓањето на знак на патека за манастирот „Свети Никола Шишевски“, дежурниот оператот од 112 во ЦУК им посочил престанат да се движат и да останат до знакот на патеката. Потоа, веднаш координирал со МВР за нивно прнаоѓање и за извлекување на безбедно, се вели во соопштението од ЦУК.