Во експлозија на магацин со пиротехнички средства на југот на Тајланд загинаа 12 лица, а 121 лице беа повредени, меѓу кои двајца потешко.
Ова денеска го изјави локален функционер.
Пожар предизвика и експлозија во нелегален склад со пиротехнички средства на пазарот Муно во областа Су-нгаи Колоку на југот на земјата, потврди локалниот гувернер на провинцијата Наративата, Санан Фонгаксорн, пренесува Ројтерс.
Another Video-
At least 9 people were killed and 115 injured after a #fireworks warehouse #exploded in the city of #Su-ngai Kolok, in the southern province of #Narathiwat.#explosion occurred while welding work was being carried out. #Thailand #ประเทศไทย #ดอกไม้ไฟ #ข่าวบันเทิง pic.twitter.com/vDE0m6Som1— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) July 30, 2023
„Имаме 12 мртви, вклучително и останките на две неидентификувани лица. Побарана е ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет“, рече Санан, потврдувајќи дека од 121 повредени, 111 се отпуштени од болница.
Повеќе од 200 куќи околу магацинот беа оштетени во експлозијата, во која беа погодени 365 лица.
Полицијата ги истражува причините за инцидентот, а првите извештаи укажуваат дека некој спротивно на прописите заварувал во магацин со пиротехнички средства.