Риека се тресеше во 19:35 часот. Жители на Риека информираат дека земјотресот многу силно се почувствувал.
Епицентарот на земјотресот бил седум километри северо-североисточно од Клана на границата меѓу Хрватска и Словенија.
„Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран кај Клана на границата меѓу Хрватска и Словенија, кој е почувствуван во поширокото подрачје на Риека“, соопшти Сеизмолошката служба на Република Хрватска.
Магнитудата на земјотресот била 4,2 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI ниво од ЕМС скалата.
„Утрово забележавме и послаб земјотрес околу 2 часот по полноќ, на неколку километри од овој, на нашата страна од границата. Инаку, во моментов немаме некоја позначајна активност во Риека. По земјотресите што се случија на Крк, досега не сме имале толку силни земјотреси на ова подрачје. Ќе видиме како ќе се одвиваат активностите во наредниот период. Ова не е земјотрес што треба да предизвика штета, но почувствуван е силно и тоа на пошироко подрачје“, изјави сеизмологот Крешимир Кук.