Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопствениците

Од:

По преземени мерки од страна на Одделението за криминалистички работи Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.М.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 26.07 и 27.07.2023 извршил две кривични дела тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром.

Со него бил извршен службен разговор во кој во целост ги признал начинот на извршувањето на кривичните дела, а одземените предмети биле вратени на сопствениците. При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Грабеж на векот во Германија: Украдени 90 милиони евра од банкарски сефови

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ

Голем грабеж во Нови Пазар: Вооружен маж од златарница украде три килограми злато

Две лица со закани одзеле пари од малолетничка во Скопје, физички нападнат нејзин другар

Разбојници запреа транспортно возило и украдоа два милиони евра